Полицијата го „затвори“ Crimemarket – германскиот Амазон за криминал

Сподели со своите пријатели

Германската полиција ја разби најголемата онлајн криминална платформа во германското говорно подрачје.

Loading...

„Crimemarket“, како што се нарекуваше платформата, беше „германската Амазон на онлајн криминалот“, со повеќе од 180.000 корисници.

Со повеќе од 100 претреси, германските истражни органи успешно спроведоа акција против најголемата криминална интернет платформа во германското говорно подрачје.

При рацијата на „Криммаркт“ уапсени се вкупно шест лица, меѓу кои и главниот осомничен, 23-годишен маж од Коршенброих, кој се наоѓа недалеку од Дизелдорф.

Против него се води истрага за перење пари и компјутерска измама.

Серверот на оваа криминална организација е запленет во Исланд.

Фокусот на рацијата беше во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде беа претресени вкупно 36 згради.

Кај нив се запленети многубројни докази, како мобилни телефони и ИТ уреди, како и дрога и 600.000 евра во готовина и движен имот.

Loading...

Повеќе од 180.000 регистрирани корисници

Платформата, како што објаснуваат истражните органи, била активна на редовниот интернет, а не на Darknet и била достапна за сите.

Затоа, многу малолетници биле корисници на таа платформа, изјави Миријам Браунс, од полицијата во Дизелдорф.

Застрашувачки е, како што објасни таа, колку е лесно да се прават криминални дејствија на интернет и тоа на страници достапни за секого.

На таа платформа беа регистрирани повеќе од 180.000 корисници. На него се нуделе криминалистички услуги, но и детални упатства за тешки кривични дела, но и дрога.

По успешната полициска акција, на таа сцена дојде до значителни промени.

Сите податоци кои беа на платформата се во рацете на полицијата.

Администраторите, модераторите и корисниците на „Криммаркет“ сега мора да се пресметаат со кривичните мерки.

„Почнувајќи од денес, корисниците мора да очекуваат наскоро да бидат контактирани од полицијата“, рече Браунс.

Loading...

„Денес „Криминалниот пазар“ е затворен“, рече министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл (ЦДУ) во своето обраќање до јавноста.

Со ова полицијата успеа да зададе голем удар врз врвните сајбер криминалци.

„Значи, немавме работа со мал маалски онлајн трговец на мало, туку со германската Амазон на сајбер криминалот“, рече Херберт Ројл.