Полицијата го барала за измама, тој превезувал Сомалиец низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Додека полицијата го барала за сторено кривично дело „измама“, 31-годишен скопјанец шверцувал мигранти низ Куманово.

Loading...

– На 15.08.2021 во 11.40 часот на автопат Куманово-Граничен премин „Табановце“, во близина на обиколница Табановце, полициски службеници од Полициската станица Сопот го лишиле од слобода М.М.(31) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При преглед во возилото „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал едно лице – мигрант од Сомалија.

– При дополнителни проверки било констатирано дека М.М. се бара по наредба за сторено кривично дело „измама“, казниво по член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, појаснуваат од полицијата.

Тој бил предаден  на полициски службеници од Полициската станица Куманово и против него е поднесена кривична пријава по член 418-б ст.2 од Кривичниот законик, за „криумчарење на мигранти“.

Лицето-мигрант е сместено во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.

Никола Ивановски