Полицаец маскиран во плишано мече уапси две дилерки на дрога

Сподели со своите пријатели

Полицаец маскиран во плишано мече, во пресрет на Денот на вљубените, уапси две жени – мајка и ќерка – кои продавале дрога во Лима, главниот град на Перу.

Loading...

Полициски одред, чиј член бил преправен во мечка, симулирал романтична посета во вторникот, пред Денот на вљубените, за да уапси двајца членови на банда за шверц на дрога во Лима, објави Фигаро.

Тајните агенти откриле дека две жени продавале кокаин и марихуана во куќа во населбата Сан Мартин де Порес, северно од Лима.

Полицаец, маскиран во портокалово плишано мече, носел црвен балон и натпис „ти си мојата причина за насмевка“, клекнал пред куќата на наркодилерите.

Потоа чекал една од двете жени да излезе од куќата, по што таа била уапсена со поддршка на други полицајци, пренесува Танјуг.

Полицијата од нивната куќа запленила стотина пакувања со дрога.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, перуанските власти заплениле 21,5 тони кокаин во 2023 година и разбиле 119 криминални мрежи поврзани со трговија со дрога.

Перу е еден од најголемите производители на кокаин во светот, со околу 400 тони годишно, според официјалните податоци.

Loading...