Пола година трае реконструкцијата на мостот на влезот од населбата Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Половина година измина од стартот на реконструкцијата на мостот на влезот од кумановската населба Перо Чичо.

Loading...

Со стартот на градежните зафати, беше воведен и посебен сообраќаен режим со цел непречено да се работи на надвозникот и истовремено да се одвива сообраќајот со наизменично пропуштање на возила регулирано со семафори.

Во мејлот кој тогаш беше испратен од страна на претставник на компанијата „Х.Ф.Вибе и  ДООЕЛ“ кои се изведувачи на градежните работи, беше наведено дека реконструкцијата треба да заврши во ноември 2019 година.

– Во рамките на програмата за информирање на засегнати страни во реализацијата на проектот би сакале да Ве информираме дека во наредниот период, односно до средината на ноември 2019 година, фирмата Х.Ф.Вибе и  ДООЕЛ ќе извршува градежни работи во врска со реконструкција и рехабилитација на железнички премини на железничката пруга Куманово – Бељаковце, како дел од проектот за Рехабилитација на Железничкиот Коридор 8. Во конкретниот случај, станува збор за пообемен градежен зафат за реконструкција и рехабилитација на постоечкиот железнички подвозник и изградба на нов патен надвозник на ул.Ѓорче Петров, населба Баново трло, пишува во соопштението на компанијата од 2ри јули 2019 година.

Денеска половина година подоцна, реконструкцијата на мостот не е завршена, посебниот сообраќаен режим се уште трае, а тоа создава и метеж во сообраќајот и нервоза кај возачите.

Одговор уште вчера нашата редакција побара од претставникот на компанијата „Х.Ф.Вибе и  ДООЕЛ“, но оттаму никој не одговори кога се очекува да заврши реконструкцијата на надвозникот.

Се обидовме прашањето да го адресираме и преку СМС порака, но повторно до објавување на овој текст не добивме повратен одговор.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply