Пол Мекартни го издаде својот 18-ти соло албум „Мекартни III“

Сподели со своите пријатели

Иконата на поп-рок културата и легенда на „Битлси“, Пол Мекартни, го издаде својот 18-ти соло албум, на кој се појавија 11 нови песни, а за време на снимањето, тој се пофали со видео во кое се гледа како свири на повеќе инструменти.

Loading...

Новиот албум „Мекартни III“ е воедно и последниот од неговата трилогија, што почна со албумот „Мекартни“ во 1970 година и продолжи во 1980 година со албумот „Мекартни II“.

-Секој ден почнав да снимам инструмент на кој пишував песна и постепено правев нови слоеви, беше многу забавно. Правев музика за себе, а не за некоја цел. Правев работи што сакам да ги правам и не знаев дека тоа ќе заврши како албум, рече Мекартни во пресрет на издавањето на албумот.

Сашко Димевски

Leave a Reply