Погодена руска воена база на Крим

Сподели со своите пријатели

Неколку експлозии одекнаа денеска во близина на селото Новофедоровка на Крим.

Loading...

Во близина на тоа место се наоѓаат руска воена база и аеродром. На снимката која се појави на социјалните мрежи се гледа густ облак чад.

Првата експлозија се случила околу 15 часот по локално време.

Набргу потоа следеа неколку други.

Оваа база е оддалечена повеќе од 200 километри од првите борбени линии на украинскиот фронт.

Засега не се познати причините за експлозиите и од каде потекнуваат проектилите, како и официјалната потврда за нападот на Крим.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.