Подољак: Путин е ирелевантен и одвоен од реалноста

Сподели со своите пријатели

Помошникот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин е „одвоен од реалноста“ и дека е „неважен“.

Loading...

Помошникот на Володимир Зеленски додаде дека вчерашниот говор на Путин е „класичен пример за обвинување на жртвата, но на макро ниво што, за жал, има сериозни последици за многу невини луѓе“.

Во својот говор Путин ги обвини Западот и Украина за предизвикување конфликти и дека Русија „користи сила за да ги запре овие конфликти“.

Подољак рече дека Путин живее во „свој свет“ на противречности, во кој, за да ја одбраниш Русија, „треба да ја нападнеш Украина и масовно да убиваш цивили од друга земја“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.