Подмладокот на Куманово ја доби заслужената минутажа (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Младите играчи на Куманово на денешниот натпревар во БИБЛ лигата против бугарски Берое, ја добија заслужената минутажа и прикажаа одлична игра.

Loading...

 

 

Милош Јовановиќ запиша и шест поени на денешниот меч. Како што вели по победите клубот е пред тежок натпревар во домашната лига против составот на ФМП.

– Јас сум презадоволен како го изиграв овој натпревар, тренерот ми даде шанса во втората четвртина и пред крајот на натпреварот и сум задоволен како ја искористив. Добро го водевме натпреварот, ја држевме разликата до крај и не дозволивме да се вратат во игра. Сакаме да го задржиме оваа темпо, бидејќи не чека и тежок натпревар против ФМП во домашната лига, изјави Јовановиќ.

 

Loading...

 

Своја минутажа доби и Лука Димитриевски, кој се надева дека победничката низа ќе се задржи и во натпреварите кои следуваат.

– Задоволен сум од прикажаната игра, одигравме добар натпревар и благодарам на тренерот за прижените минути што ги одиграв на терен. Сега сме во добар ритам имаме четири победи во низа и се надевам дека ќе продолжиме така и понатаму, изјави Димитриевски.

 

 

Своја минутажа доби и кумановецот Ѓорѓи Георгиевски.

 

Loading...

 

Инаку, поголема игра за локалните играчи најави новиот тренер Игор Ѓорѓиевски, кој исто така е од Куманово, а веќе денеска и го одржа зборот.

Како што вели самиот, задоволен е како се одвиваат работите, бидејќи се работи напорно.

– Засега сум задоволен како се одвиваат работите бидејќи тимот работи напорно, покрај овие тешки периоди даваат свој придонес во целиот натпревар, како постарите, така и помладите. Ќе се потрудиме да го задржиме темпото, се зависи од ситуацијата со Ковид вирусот и дали ќе останат здрави играчите, имаме неколку повредени како Коли Рос и Андреј Цветковски, се надевам дека ќе останат во добра форма. Наредниот натпревар ни е да речеме финале, играме со ФМП дома, се надеваме дека ќе го добиеме натпреварот, изјави тренерот Ѓорѓиевски.

 

 

Loading...

Инаку со денешната победа над Берое Куманово се пласира во следната фаза од натпреварувањата во БИБЛ лигата како второпласирана екипа во групата.

Никола Ивановски

Leave a Reply