Подгответе се за температури под нулата

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е имерено облачно со слаб до умерен променлив ветер. На југозапад во Охрид и Претор имаше дожд и во Лазарополе снег, а на северозапад врнежи од снег има во Маврово. Дува слаб до умерен променлив ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Променливо облачно време со повеќе облачност наутро и во планинските региони ќе имаме во текот на денешниот ден. Претпладне во планинските делови на исток и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд. Во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе биде
силен. Температурата од 11 до 19 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 12 сепени целзиусови.

Утре повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе се од снег понекаде во овие подрачја и на 1500 метри.

Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од врнежи од дожд во врнежи од нег. Во четврток од ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се од дожд.

Врнежи со помал интензитет се очекуваат и во петок кога ќе е најстудено и тие ќе се претежно од слаб снег.

Leave a Reply