ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Неделна прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 а максималната од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 8.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умернео облачно и топло време. Во попладневните часови е можна појава на услови за дожд и грмотевици.

Ќе дува слаб ветер од северен правец,  а температурата ќе се движи од 15 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот.

Loading...

 

 

Утре ќе имаме уште потопло време. ќе биде слично на денешното со услови за нестабилност во попладневните часови проследени со пороен дожд и електрични празнења. Утринската температура ќе изнесува 17, а максималната дневна 33 степени целзиусови.

Многу топло време се очекува од среда. Ќе биде делумно сончево, но максималната дневна температура според прогнозите се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

И во четврток ќе имаме горештини. Ќе имаме сончево и многу топло време со максимална дневна температура од 36 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Иста е временската прогноза и за петок, кога во утринските часови ќе имаме 19 степени целизусови, а максималната дневна ќе се искачи до 36.

Благ пад на температурата ќе имаме за време на претстојниот викенд.

Сабота носи сончево до умерено облачно време. Температурата во утринските часови ќе изнесува 17, а максималната дневна во текот на денот се очекува да се искачи до 33 степени целзиусови.

Слично ќе биде и в недела, кога дневниот максимум ќе биде за еден степен понизок.

 

 

Loading...

Стабилно и топло време ќе се задржи и во текот на следната недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply