ПОДГОТВЕТЕ ГИ САНКИТЕ: УХМР со најава за снег

Сподели со своите пријатели

Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на студена воздушна маса која ќе предизвика облачно и студено време со повремени врнеж и од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре на повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/ м2, а во североисточниот дел и над 20л/м2. Во поголем дел од земј ава ќе се формира снежна покрив ка, а на планините значително ќе се зголеми.

В петок сеуште ќе има повремени од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег.

За викенд во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен.

Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога ќе има локални врнежи претежно од дожд.

Leave a Reply