Почнуваат градежните работи за регулација на Липковска река

Сподели со своите пријатели

Во општина Липково денеска ќе биде одбележан почетокот на градежните работи за регулација на Липковска река.

На настанот ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи.

Преку поддршката на УНДП, овој проект опфаќа продолжување на регулацијата на Липковска река во должина од околу 400 метри, како мерка за заштита од поплави и уредување на просторот во Липково.

Извор: МИА

Loading...