Почина басистот на групата Зи Зи Топ: Умрел во сон на 72 години

Сподели со своите пријатели

Познатиот басист на американската група Зи Зи Топ, Дасти Хил почина во сон на 72 -годишна возраст.

Loading...

Бендот ја потврди тажната вест дека рок легендата почина во неговиот дом во Хјустон, Тексас во петокот.

„Со жалење можеме да објавиме дека Дасти Хил почина во сон во Хјустон“, напишаа членовите на бендот Били Гибонс и Френк Бирд, пренесе Сан.

Тие додадоа дека и тие, како и армијата фанови, ќе ја пропуштат неговата смиреност.

 

 

– Ние секогаш ќе бидеме поврзани, многу ќе ни недостасуваш, амиго – рекоа тие.

Loading...

Хил неодамна го повреди колкот, поради што отсуствуваше од неколку настани претходните недели, но нејасно е дали повредата има врска со неговата смрт.

Leave a Reply