По пандемијата, Тесла бележи рекордна продажба на возила поради енергетската криза предизвикана од војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Тесла забележа рекордна продажба на своите автомобили за време на пандемијата KОВИД-19, а војната во Украина и порастот на цената на нафтата предизвикани од невидените антируски санкции во историјата само го продолжуваат овој тренд.

Loading...

Тесла трие раце поради поскапувањето на горивото во САД. Тие потврдија дека поради новата криза предизвикана од невидените санкции против Русија, практично двојно се зголемил бројот на нарачки за нивните електрични возила во САД. Со други зборови, Американците сега се обидуваат да избегнат да плаќаат високи цени на горивото со купување на свои електрични автомобили.

 

 

Цените на горивата во САД (како и насекаде во светот) продолжуваат да растат како што се влошува конфликтот меѓу Русија и Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот објави забрана за увоз на руска енергија во САД.

Вода во мелницата на Тесла

Loading...

Според најновиот извештај на порталот Тесларати, нарачките за електрични возила на Тесла во САД сега растат, додека цената на барел сурова нафта се искачи на околу 100 долари.

 

 

Тоа значи дека галон гориво може да чини повеќе од 4 долари, а некои региони во САД дури бележат зголемување до 5 долари за галон, пишува USA Today.

Бидејќи никој не сака да ги испразни своите паричници само за да користи автомобили на бензин, многу граѓани на САД сега се свртуваат кон електрични возила.

Се разбира, Тесла останува водечки производител и снабдувач на електрични возила во САД. Околу 80 отсто од сите електрични автомобили во земјата се произведени од Тесла.