По месец дена „Епл“ повторно ги отвори продавниците во Кина

Сподели со своите пријатели

Епл официјално ги отвори сите свои продавници во Кина, кои беа затворени поради епидемијата на коронавирус.

Loading...

Според Би-Би-Си, од денес, сите продавници на „Епл“ се отворени, 42 од нив, иако некои имаат специјално работно време.

На аукција компјутер стар 44 години: И ден денес работи перфектно!

Продавниците беа затворени од средината на февруари, бидејќи Кина стави во карантин неколку градови во земјата во обид да го спречи ширењето на вирусот.

Епидемијата генерално го предизвика падот на побарувачката за нови телефони, така што продажбата на Apple е повеќе од преполовена во февруари во однос на истиот месец лани.

Поточно, американскиот технолошки гигант продаде околу 494.000 ајфони во Кина во февруари, во однос на 1,27 милиони единици во истиот месец од 2019 година.

Зависноста од мобилни телефони ја менува структурата на мозокот

Сега во Италија се затворени сите 17 продавници на „Епл“, бидејќи владата во Рим воведе ригорозни мерки заради вирусот „ковид-19“ што ги стави во изолација првин северните региони на земјата, а потоа и цела Италија.

Loading...

Leave a Reply