На аукција компјутер стар 44 години: И ден денес работи перфектно!

Сподели со своите пријатели

Оригиналниот и целосно функционален компјутер „Епл-1“ се најде на аукција и се очекува да се продаде за повеќе од 300.000 американски долари.

Loading...

Според RR Auction, овој компјутер е само еден од два компјутери со овој процесор за кој се знае дека преживеал, за разлика од моделот Apple-1 со микропроцесорот MOS 6502, кој ги има повеќе.

Епл ќе плати 500 милиони долари поради намерно успорување на постарите модели

Sunertek C 6502 се смета за најредок примерок на лиценцирање на 6502 процесорот од 1976 година.

Понудениот компјутер бил обновен и вратен во првобитната состојба минатата година, а реставрацијата ја извршил реномираниот експерт на „Епл-1“, Кори Кохен.

Компјутерот е во сопственост на SoftwareHouse, компјутерска продавница со седиште во Мичиген, која ја добила оваа копија во замена за IBM машина во 1980 година.

„Епл“: Се соочуваме со тешкотии при испораките на Ајфон поради новиот коронавирус

Се проценува дека до крајот на аукцијата цената ќе биде поголема од 300.000 американски долари и за тие пари купувачот ќе добие парче компјутерска историја.

Loading...

Заедно со самиот компјутер, кој има 8 килобајти RAM меморија, тој исто така доаѓа со оригиналниот Apple Cassette Interface, терминална тастатура, монитор во дрвена кутија, напојување, ТВ-видео модулатор, Xerox копии од прирачникот Apple-1 и неколку други додатоци.

Франција го казни Епл со 25 милиони евра

Вградениот видео-терминал овозможува да се прикаже сликата на ТВ-екран или видео монитор, што во тоа време била една од најголемите предности во однос на другите компјутери.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *