По големиот руски напад врз Украина, Полска ги крена авионите

Сподели со своите пријатели

Поради големиот руски напад врз Украина, Полска денеска ги подигна своите воени авиони, објави на социјалните мрежи Оперативниот команден центар на полските вооружени сили.

Loading...

– Предупредуваме дека се активирани полските и сојузничките воздухопловни сили, што може да доведе до зголемено ниво на бучава, особено на југоистокот на земјата – се вели во нивното соопштение.

Тие додаваат дека „почнати се сите потребни процедури за да се обезбеди безбедност на полскиот воздушен простор и ситуацијата континуирано се следи“, пишува Укринформ.

Како што пренесува Украинска Правда, во нападот на Киев се повредени девет лица, во Харков е погодена градинка и неколку згради…

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...