По 8. пат меморијален турнир во чест на Мартин Симоновски Матрикс

Сподели со своите пријатели

Локалниот клуб на СДММ Куманово по осми пат традиционално организира турнир во мал фудбал во чест Мартин Симоновски Матрикс.

Loading...

Турнирот започнува на 27ми месецов со почеток во 11 часот во спортската сала на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо.

Може да учествуваат најмногу осум играчи во секоја екипа, а крајниот рок за пријавување е 25ти октомври, а ден подоцна ќе биде направена и ждрепка за натпреварувачките парови. За учество на турнирот треба да се уплатат по 800 денари од екипа.

–  Ве повикуваме да присуствувате на овој турнир на кој со спортски дух ќе одадеме почит на прерано згаснатиот живот на нашиот другар Мартин Симоновски Матрикс, изјави Мартин Захариев, претседател на СДММ Куманово.

Победниците ќе добијат и награди, пехари и фудбали.

Leave a Reply