По 30 часа, куче беше извлечено живо од урнатините: Пожарникарите во Торино спасија кутре по експлозијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Италијанските спасувачи извадија живо куче од урнатините на една куќа во Торино 30 часа откако се урна во експлозија во која загина едно момче.

Loading...

Пожарникарите објавија видео на кое се гледа куче покриено со парчиња дрво и делови од ѕид во урнатини пред да објават дека кучето е добро.

Спасувачите биле повикани во вторникот по експлозијата што го срушила покривот, а по опсежната потрага го пронашле телото на четиригодишното момче. Пред тоа, тие спасија неколку луѓе. Се претпоставува дека причина за експлозијата е резервоар за гас, но истрагата е во тек.