По 2.000 евра казна за кумановците кои не ја почитувале изолацијата

Сподели со своите пријатели

По денешната поднесена кривична пријава против две лица од Куманово кои не ја почитувале мерката за самоизолација, кумановското Основно јавно обвинителство им изрече казни од по 2.000 евра.

Loading...

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог за две лица кои се товарат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Првиот обвинет на 16 март, при влез во државата на граничниот премин Деве Баир, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација, бидејќи доаѓа од Република Австрија како ризична земја во однос на ширењето на епидемијата.

Вториот обвинет на 15 март, при влез во државата на граничниот премин Ќафасан, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација во траење од 14 дена, бидејќи доаѓа од Република Италија како земја со висок ризик за ширењето на епидемијата.

Самоизолацијата требало да ја извршуваат во нивниот дом во Куманово, но при контрола на 17 март од страна на службени лица од СВР Куманово обвинетите не биле затекнат во домот.

Со ова тие не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определени мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -COVID 19.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово го поднесе предлогот за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Куманово му предложи на обвинетите да им се изречат 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Судот ваквиот предлог го прифати и на обвинетите лица им ја изрече глобата во вкупен износ од 2.000 евра во денарска противвредност.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply