Плинска боца предизвика пожар во стан во Куманово

Сподели со своите пријатели

Плинска боца рано утринава предизвикала пожар во стан од станбена зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, двајца пожарникари изглегле на интервенцијата околу 04:15 часот утринава.

Пожарот бил изгаснат до 04:35 часот, а според РЦУК, нема причинето поголема материјална штета.

Кумановските пожарникари вчера гаснеле и два пожари предизвикани од запалена сува трева.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонец и Пакистанец шверцале Кинези низ кумановско