Пиво за здраво срце и спречување на кариес?!

Сподели со своите пријатели

Кој би рекол? Од благотворно дејство на срцето, со спречување на кариесот. Еве зошто едно пиво (или две) на ден, би требало да има позитивно влијание на вашето здравје.

Loading...

За здраво срце

Мора да им веруваме на научниците кои тврдат дека е пивото добро за срцето. Истражувањето на британските и американските научници покажало дека 4,5 дл пиво на ден може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Значи, тајната е во умереноста.

Штити од ревматоиден артритис

Секој алкохол, па така и пивото, има противвоспалителни својства кои се поврзуваат со добро дејство на здравјето на срцето. Тоа исто така се однесува и на другите болести поврзани со воспалителните процеси во организмот.

Истражувањето спроведено на 1,9 милиони испитаници, покажало дека жените кои два или три пати неделно ќе се напијат алкохолен пијалок имаат 31 отсто помал ризик од ревматоиден артритис во однос на жените кои никогаш не пијат.

Ја дезинфицира усната празнина

Хмељот во пивото (слично како црвеното вино и кафето) содржи антибактериски својства кои ја штитат вашата усна празнина од размножување на несакани бактерии поврзани со развој на штетен плак на забите и болести на непцата. Иако пивото позитивно влијае на здравјето на усната празнина тоа не значи дека после него не мора да ги миете забите. Редовната орална хигиена е клучна за здравјето на забите.

Loading...

Благотворно делува на видот

Изгледа дека антиоксидансите во виното и пивото се заслужни за зачувување на видот кај лицата кои умерено ги консумираат овие видови алкохолни пијалоци.

Бројна истражувања покажале дека катарактата и макуларната дегенерација се појавуваат помалку кај луѓето чија исхрана е богата со антиоксиданси.

Го намалува ризикот од создавање на камења во бубрег

Бубрежните камчиња се ситни и тврди слоеви од минерали кои настануваат во вашите бубрези, а нивната појава може да биде резултат од дехидрација до која доаѓа поради лошите прехранбени навики.

Истражувањето спроведено на 200 илјади испитаници покажало дека лицата кои пијат едно пиво на ден имаат 41 отсто помал ризик од создавање бубрежни камења. Научниците веруваат дека ова се случува благодарение на диуретичките својства на пивото и другите видови на алкохол.

Го намалува ризикот од дијабетес тип 2

Сите знаеме за добро познатата појава на т.н.„пивски стомак“, па не баш јасно како тоа може да биде поврзано со намален ризик од дијабетес? Резултатите од 15 различни истражувања покажале дека умерената консумација на алкохол, вклучително и пивото, може да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 30 отсто.

Loading...

Други истражувања покажале дека кај лицата кои веќе боледуваат од дијабетес, умереното консумирање пиво може да помогне во регулирањето на нивото на инсулин и триглицериди.

Го чува здравјето на коските

Пивото е богат извор на силициум кој е клучен за формирање и за одржување на здравјето на коските во човековото тело. Истражувањето покажало дека исхраната богата со силициум може да помогне во превенцијата и лекувањето на остеопороза, особено кај жените во постменопауза кои го губат коскеното ткиво. Останатите намирници кои содржат силициум се целите житарки, житарките и зеленчукот, вклучувајќи го и гравот.

Го чува здравјето на мозокот

Силициумот може да му помогне и на здравјето на вашиот мозок зашто го штити од штетните материи кои можат да предизвикаат когнитивни болести. Постои истражување кое тврди дека една состојка на хмељот – xanthohumol – спречува развој на неуродегенеративни болести како Алцхајмер, деменција и Паркинсоновата болест.

Leave a Reply