Пијан Русин влече човек 30 метри на најфрекфентниот мост во Москва (видео)

Сподели со своите пријатели

Еден руски таксист се соочува со казна од седум години затвор откако одбил да застане поради сообраќаен прекршок. Но, тоа не е се. Тој потоа го влечел чуварот на паркингот на хаубата од своето такси возило, 30 метри и ја искршил капијата на московскиот аеродром додека се обидувал да избега.

Инцидентот кој го забележале и безбедносните камери, започнал кога возачот, кој инаку бил вработен во водечката такси служба, бозел низ пешачката зона на аеродромот. Поради тоа му пришол службеник од паркингот.

Според неговите зборови, таксистот делувал како да не е при себе и одбил да одговори на неговите прашања. Другиот службеник, кој се обидел да му помогне на својот колека, вели дека почувствувал силен мирис на алкохол кој доаѓал од внатрешноста на возилото.

Такситот потоа забрзал, со се паркинг службеникот на својата хауба, а потоа и започнал да врти лево-десно за да го исфрли човекот кој пак очајнички се држел.

Откако не успеал во намерата да се ослободи од службеникот, таксистот избегал, но набргу бил идентификуван и по неколку часа приведен.

Обвинет е за хулиганизам и може да ги проживее следните седум години во затвор.

Loading...