Пет милијарди луѓе би умреле од глад во нуклеарна војна

Сподели со своите пријатели

Нуклеарната војна директно би довела до милиони и стотици милиони жртви, но индиректно како резултат на подигање огромни количини прашина и отпад, многу повеќе луѓе би изгладнувале.

Loading...

Сепак, некои земји би поминале „подобро“ од другите.

Хирошима и Нагасаки се вечен пример за деструктивноста на нуклеарното оружје и предупредување до човештвото никогаш да не посегнува по нив.

И покрај тоа, нуклеарните арсенали често се штракаат во кризни ситуации, а сценариото што би следело после тоа е тешко да се предвиди.

Уште од Студената војна, експертите и научниците пресметуваат колкаво уништување би донела нуклеарната зима.

Тоа не е ништо ново, но најновото истражување се фокусираше на оние секундарни последици од сеопфатната нуклеарна војна.

Користејќи ги најновите податоци за количината на одгледувани култури и уловени риби, група научници од целиот свет предложија шест сценарија за тоа што можеме да очекуваме во областа на снабдувањето со храна по ескалацијата на нуклеарниот конфликт.

Експлозиите и радијацијата не се најголемиот проблем

Со исклучување на загубата на животи од непосредната последица од нападот, која би била во стотици милиони, стапката на смртност од недостаток на калории може да ја избрише речиси целата светска популација.

Loading...

Во новата студија, објавена во списанието Nature, експертите користеа модели за да се обидат да предвидат како климатските обрасци ќе се променат под влијание на огромната количина прашина и саѓи што нуклеарните експлозии би ги подигнале во атмосферата.

Биле користени модели за да се процени како посевите и рибните резерви во морињата ќе реагираат на промените во температурата, врнежите и количината на светлина што стигнува до земјата.

Од полошо…

Резултатите во никој случај не се ветувачки. Релативно „помал“ нуклеарен конфликт, кој би вклучил 100 детонации, подигнал 5 милиони тони прашина и честички саѓи во атмосферата.

За споредба, катастрофалните шумски пожари во Калифорнија во 2017 година и во Австралија во 2019 година испуштија милион тони честички во атмосферата.

Последиците би биле дека поголемиот дел од човештвото ќе има пристап до осум проценти помалку калории, што би довело до смрт на 255 милиони луѓе од глад во наредните години.

… до најлошото

Сеопфатна војна со користење на американскиот и рускиот нуклеарен арсенал со илјадници бомби ќе испрати 150 милиони тони отпад и прашина во атмосферата и ќе го лиши човештвото од три четвртини од неговите калории.

Вонредните мерки и штедењето би придонеле во помала мерка за ублажување на ситуацијата, што би значело бавна смрт од глад за пет милијарди луѓе во следните две години.

Колку граѓаните ширум светот ќе бидат засегнати ќе зависи од тоа каде живеат.

Loading...

Во сценарио каде што 250 нуклеарни експлозии испуштаат 27 милиони тони честички во атмосферата, северната хемисфера ќе доживее 50 отсто намалување на приносите и 20 до 30 отсто пад на резервите на риби во морињата.

За нациите поблиску до екваторот, последиците би биле поблаги. Како што сега може да се види со примерот на војната во Украина, трговијата со храна секако би била прекината.

Земјите зависни од увоз на храна би биле многу ранливи.

Кој би минал „најдобро“?

За некои делови од светот, сепак, апокалиптичното сценарио на глад би било многу поблаго.

Дури и под тие услови, австралиското население би можело да добие барем половина од своите калории од пролетната пченица.

Симулациите покажаа дека оваа сорта ќе претрпи минимален пад на приносите.

Иако Австралијците сигурно би морале да ги затегнат ремените, стапката на гладување би била многу помала.

Слично на тоа, соседен Нов Зеланд би претрпел поблаги последици во споредба со земјите чие население зависи од култури како што е оризот.

Loading...

Сепак, научниците објаснуваат дека овие наоди треба да се земат со резерва, бидејќи на нив секако би влијаеле општествено-политички настани кои не можат научно да се предвидат само така.