Песков: За Украина да постигне мир, ќе мора да ги прифати руските барања

Сподели со своите пријатели

За Украина да постигне мир, ќе мора да ги прифати руските барања, вклучително и признавањето на црноморскиот полуостров Крим како руска територија и отстапување на провинциите Доњецк и Луганск, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Песков за државната телевизија изјави дека западните земји ги спречуваат мировните преговори со Украина и со тоа го продолжуваат конфликтот во таа земја, пренесува РИА Новости.

„Во овој момент, западните земји ги ставија сите свои облози за продолжување на војната“, рече портпаролот на Кремљ.

Осврнувајќи се на изјавите на западните политичари кои рекоа дека не сакаат да ја принудат Украина да преговара, Песков рече дека Западот, под водство на САД, не ѝ дозволува на Украина „да размислува за мир, ниту да разговара за тоа“.

„Без разлика, ќе дојде моментот за преговори“, рече Песков, пренесе Танјуг.