Песков: Нуклеарното распоредување во Белорусија е одговор на проширувањето на НАТО

Сподели со своите пријатели

Кремљ ја бранеше својата одлука да постави тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, отфрлајќи ги критиките на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Loading...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека НАТО се шири кон Русија, а не обратно, и затоа Москва мора да преземе чекори за одбрана на сопствената безбедност.

Финска стана 31-ва членка на НАТО во вторникот, завршувајќи ја историската промена во безбедносната политика предизвикана од руската инвазија на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави пристапот на Финска во Алијансата и ги повика Турција и Унгарија да го завршат процесот на ратификација за да може Шведска да се приклучи на воената алијанса „без одлагање“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во вторникот изјави дека пристапот на Финска во НАТО и потегот на Алијансата да ја зајакне сопствената борбена готовност го зголемуваат ризикот од конфликт.

Истиот ден, Кремљ објави дека ќе биде принуден да преземе „контрамерки“ за да ја обезбеди безбедноста на Русија како одговор на пристапувањето на Финска, пренесува RSE.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.