Пешак тешко повреден во сообраќајка во Слупчане

Сподели со своите пријатели

На локалниот пат во селото Слупчане, општина Липково, вчера околу 21.40 часот патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Р.(56) од с.Ваксинце, удрило во пешакот М.И.(51) од с.Слупчане, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Притоа, М.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply