Пеколните температури се враќаат: Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време во претпладневните часови, додека попладне е можна појава на врнежи од дожд проследени со електрични празнења. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 20 степени во утринските часови, до максимални 33 во текот на денот.

 

 

Доста потопло време може да очекуваме веќе од утре. Сончево и многу топло ќе биде во вторник кога утринската температура ќе изнесува 20, а максималната дневна 37 степени целзиусови.

Loading...

Среда веќе повторно ги вклучува метео алармите за високи температури. Времето ќе биде сончево и многу топло со максимални 39 степени целзиусови.

И во четврток ќе биде многу топло. Утринската температура ќе изнесува 19, а максималната дневна 39 степени.

 

 

Петок носи нешто посвежо, но и натаму многу топло време. Ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Температурата во утринските часови ќе изнесува 18, а во текот на денот 35 степени целзиусови.

Нешто посвежно ќе биде времето во текот на претстојниот викенд.

Во сабота ќе имаме делумно сончево време со максимални 29 степени целзиусови, додека недела носи слично време во претпладневните часови, со можност за нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмежи во текот на попладневните часови.

Loading...

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply