Папата: Лут сум и згрозен од палењето на Куранот во Шведска

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско рече дека е лут и згрозен од веста за палењето на светата муслиманска книга Куранот.

Loading...

Во интервју за весникот „Ал Итихад“ од Обединетите Арапски Емирати, тој го осуди чинот и одби да го прифати аргументот дека палењето на Куранот е израз на слободата на говорот.

„Неопходно е да се почитува секоја книга што се смета за света и сите оние кои веруваат во неа. Се чувствувам лут и згрозен од овие постапки. Слободата на говор никогаш не треба да се користи како средство за изразување презир кон другите“, рече Папата. пренесува Ројтерс.

Еден човек искина и запали Куран во шведскиот главен град Стокхолм минатата недела, што предизвика остра осуда од неколку земји, вклучително и Турција, чија поддршка ѝ е потребна на Шведска за да се приклучи на НАТО.

Шведската полиција одби неколку барања за одржување демонстрации против Куранот, но шведските судови ги отфрлија таквите полициски одлуки со образложение дека со тоа се нарушува правото на слобода на говор.