ПАНИКА ВО УНГАРИЈА: Полицијата бара избеган пантер (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Унгарија интензивно трага по црн пантер во областа Кискунхалас, град недалеку од границата со Србија, на само 40 километри од Суботица.

Loading...

Се трага по животно кое било во заробеништво, а се претпоставува дека се работи за црн пантер, соопшти полицијата.

Потрагата започнала откако се појави снимката од дивата мачка која ја објави градоначалникот на тој град.

Експертите истакнаа дека ова опасно животно се храни со мачки, кучиња и ситен добиток, лесно се крие и е непредвидливо.

„Се верува дека таа живеела во заробеништво, меѓу луѓе и дека може да патува на поголеми растојанија“, се вели во соопштението.

 

 

Loading...

Полицијата ги замоли сите граѓани кои живеат во околината да бидат внимателни и да ги известат своите роднини кои живеат во околните села да внимаваат и да пријават доколку виделе пантер.

Откако е објавено видеото, неколку локални жители повикале полиција, а досега само еден граѓанин дал јасна трага за тоа каде би можело да се крие животното.

Полицијата веднаш излегла на локацијата, но животното не го нашла. Сепак, најдоа отпечатоци од шепите.

Полицијата отвори и посебна линија на која граѓаните можат да пријават доколку виделе животно.