Пакистанец ограбил и држел во заложништво 34 мигранти во Лојане

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен Пакистанец ограбил и држел во заложништво 34 мигранти од Пакистан, Гамбија и Индија во селото Лојане, липковско.

Loading...

– На 18.07.2021 во 13.00 часот во место викано „Под камен“ во село Лојане, општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода В.А.(21) од Пакистан поради постоење основано сомнение дека со уште неколку мигранти со употреба на тврди предмети физички нападнале 34 мигранти од Пакистан, Гамбија и Индија, кои ги држеле во заложништво, при што им одзеле пари и накит, информираат од кумановската полиција.

СВР Куманово презема мерки за расистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply