Овој татко го осудуваат многумина затоа што го истетовирал целото тело, дури и очите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Телото на Итан Брамбл од глава до пети е покриено со тетоважи. Го разделил јазикот и го отстранил папокот, а откако неодамна стана татко, критиките за неговиот изглед стануваат се погласни.

Loading...

 


„Јас сум во центарот на вниманието каде и да се појавам. Понекогаш ме нервира, но учиш да се справуваш со тоа. „Луѓето што ги судат другите врз основа на нивниот изглед, кажуваат многу за себе“, изјави тој за Дејли Стар.

 

 

Тој имал ќерка пред пет месеци.

„Таа не ја гледа разликата затоа што јас ѝ изгледам нормално. Сигурен сум дека луѓето мислат дека сум лош татко поради изгледот, но тоа кажува повеќе за нив“, рече тој.

Loading...

 

 

Итан отстранил некои тетоважи на лицето, но само за да може да направи нови.

Операцијата за отстранување на папокот на која бил подложен била особено болна бидејќи хирурзите морале да го исечат ткивото и да ја сошијат дупката.

 

 

Loading...

Неговиот профил на Инстаграм, кој има 216.000 следбеници, е полн со разни коментари.

Додека некои ја слават неговата уникатност и му честитаат „што останал верен на себе“, други го провоцираат.

 

„Кога мислиш да го тетовираш бебето“, „Бебето од рајот пристигна во пеколот“, „Кутрото дете“, „Никогаш не би сакал татко кој изгледа како чудовиште“, му пишуваат следбениците.