Пејо е 14-годишен коњ од Франција кој пгоолемиот дел од времето живее вообичаен коњски живот, обожава да трча, да се игра пот ревата, но, тој е далеку од обичен коњ. Тој всушност е коњ-терапевт, а го викаат др. Пејо.
Многу ленсо се врзува со луѓето, па два пати месечно ги посетува локалните старечки домови и болници. Влегува во собите и на пациентите им носи радост, на неколку минути забораваат на сите тегоби, се смеат, галат со него и уживаат.
Особено се труди да ги утеши оние кои се многу болни. Луѓето го обожаваат. Кога Пејо влегува во просторијата, атмосферата во секунда се менува, од тмурна станува ведра, а на лицата се развлекува насмевка.
Никој не го присилува да им се приближува на старите и болни луѓе, го прави тоа затоа што го сака. Оди низ болница или старечки дом и сам ги бира собите во кои ќе влезе и луѓето на кои ќе им се доближи, колку ќе остане во нечие друштво…
Особено е лувствителен на многу болни и немоќни па кај нив се задржува најдолго. Како да поседува некое посебно сетило, точно знае кому неговото друштво му е најпотребно.
Посебен однос има со едно момче кое во болницата умира, малку време му останало. Иако има проблеми во комуникацијата, со пејо некако добро се разбираат и имаат неверојатен однос.
Пејо знае да застане над него и да го набудува, а еднаш момечто дури се расплакало.
Лекарите подоцно ракле дека лицето на момчето некако особено светнува кога во собата му влегува Пејо, со сјај кој немале можност да го видат на него се додека коњот прв пат дошол до креветот.
Персоналот во старечките домови и болниците вели дека неговите посети имаат огромно позитивно влијание на нивните штитенички. Со Пејо секогаш е Хасан, човекот кој води грижа за него и тие се неразделни.