Овие училишта препливуваат 14 реки за да стигнат до училиштето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Работата на учителите обично не се смета за опасна професија, но за неколку храбри членови на едно училиште на Филипини, утринското возење наликува на екстремен спорт.

Овие учители мора да се спуштат низ дури 14 реки за да навремено стигнат на работа, пишува Дејли мејл.

Учителите поради тоа мораат да облекуваат водоотпорно одело, а книгите и останатиот прибор го ставаат во пластично ќесе, за да не се намократ.

На снимката која е направена на 19. септември се гледаат учители кои влегуваат во брза планинска река која ги носи низводно, а потоа пливаат во спротивна насока за да дојдат до брегот.

Филипинскиот претседател уништи автомобили вредни 1,2 милиони евра (ВИДЕО)

Loading...

Учителката Ракел Флорентино вели дека реката на снимката е петта по ред и дека мора да минат уште девет за да стигнат до училиштето.

– Реката Аклан има многу силни струди дури и кога денот е нормален. Потребни ни се водичи за да избегнеме несреќи. Секогаш имаме исеченици, а нашите нокти секогаш се откорнати, рекла таа.

Според нејзините зборови, кога прв пат го минала овој пат, нозете и биле многу болни.

– Единствено што можам да работа е да плачам пред да заспијам затоа што секој ден имаме часови. Но, тоа е единствнеиот начин овие деца, кои живеат во зафрлени делови, да одат на училиште, раскажува таа.

Објавена листата најнеобразовани земји во светот

Ракел секое утро се вози со автобус до најбискиот град. Од таму, таа и другите учители, со мотори заминуваат во подножјето на планината, од каде започнува спуштање низ реките.

Потоа минуваат преку 14 реки, кои обично се доволно мирни за да се превеслаат, но во неповолни услови мора да пловат и се надеваат на најдобро.

Вкупното патување до училиштето секојдневно трае по три часа.

Leave a Reply