Ова се најголемите грешки кои ги правиме при пеглањето алишта

Сподели со своите пријатели

Не дозволувајте со негрижа да уништите омилено парче гардероба или уште полошо да страда и пеглата за алишта.

1. Пеглате пресушени ткаенини

Многу е полесно да испеглате нерамнини кога ткаенината е помалку влажна. Ако не ви е згодно да пеглате кога алиштата се суви, напрскајте ги со малку вод аи тогаш пеглајте.

2. Чувствителните ткаенини ги оставате за крајот од пеглањето

Чувствителните ткаенини секогаш треба да ги пеглате на пониски температури, на самиот почеток, а и вие ќе бидете повнимателни и ќе ги испеглате омилените парчиња облека без нанесување штета. Со тоа, може да се случи пеглањето на памучни ткаенини на многу високи температури да остават и малку нечистотии, во вид на влакна, на површинат ана пеглата, а со тоа сигурно ќе ги оштетите и алиштата.

3. Со превисока температура правите оштетувања на материјалот

Ова најчесто ви се случува кога пеглате ткаенини од мешовит состав. Ако на вашата блуза пишува дека се состои од 30% синтетика, а 70% памук, сепак наместете ја пеглата на пониска температура – секогаш кон почувствителната состојка во овој случај синтетиката, а не кон поотпорната (памукот).

4. Не ја полнете пеглата со вода од чешма

Пеглате без паера ако навреме не сте набавиле дестилирана вода? Погрешно, затоа што сите модерни пегли можат нормално да работат и со обична вода, со исклучок доколку живеете во дел каде навистина имате исклучително тврда вода од водоводот. Дури и тогаш, можете да измешате половина со дестилирана вода.

5. Не ја чистите пеглата

Со време сигурно ќе се насоберат нечистотии на плочата од пеглата. За помалку нечистотии, употребете крпа навлажнета со алкохолен оцет и преминете преку врелата пегла. За поголеми проблеми, употребете професионална паста за чистење пегли која можете да ја најдете во дрогериите.