ОВА СЕ ЌЕРКИТЕ НА ПУТИН: Марија и Екатерина имаат огромни богатства (фото)

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин ширум светот е познат како владетел кој цврсто и способно управува со својата земја и кој Русија ја издигна од пепелта. И додека за неговите државнички способности се зборува насекаде, за неговиот приватен живот многу малку се знае. 

Познато е дека бил во брак со Људмила 31 година и дека имаат две ќерки, Марија и Екатерина, но тие долго не беа познати за јавноста. Поради тоа секој нов детал за нив привлекува големо внимание.

Ова е новата лимузина на Владимир Путин (фото)

Loading...

Путин претходно оваа година во телевизиско интервју раскажа дека неговите ќерки живеат во Русија, но дека не се јавни личности и дека живеат повлречено.

 

 

Катерина Тихонова

Екатерина или само Катерина е помладата ќерка на Путин и има 31 година. Завршиле германско училиште во Москва, се омажила за Кирил Шамалов (35), а парот во брак стапил во 2013 година.

Катерина не го носи презимето на таткото, туку го земала онаа од својата мајка.

Таа се занимава со танцова акробација и е многу успешна во тоа. Долго се шпекулираше дали таа е ќерка на Путин, затоа што доста личи на рускиот лидер.

 

 

Дури неодамна тоа сомнение и официјално е оитврдено од страна на претседателот на Светската акробатска конфедерација.

Оваа девојка е директорка на две иницијативи на Московскиот државен универзитет, Фондацијата за национален и интелектуален развој и Националниот интелектуален центар за резерви.

Исто така го води „Инопрактика“, научен центар на Московскиот државен универзитет вреден 1,7 милијарди долари.

 

Loading...

 

Богатиот маж на Екатерина

Шамалов е син на Николај Шамалов, косопственик на Руската банка и добар пријател на Путин. Тој спаѓа меѓу најмладите милијардери во светот. Откако е утврдено дека неговото богатство вреди над 1,3 милијарди долари, достигна на Форбсовата листа милијардери.

Многумина сметаат дека тајната на неговиот успех е блиската врска која ја има со рускиот претседател. Кирил започнал да ги користи семејните врски во 2002 година додека студирал во Санкт Петербур. Во раните дваесети години бил поставен за главен правен советник за надворешно-економски однози во „Газпром“.

Во 2015 година го основа „Ладога Менаџмент“ кој планира да инвестира во ИТ индустријата, инжинерските услуги и слочно. Катерина и Кирил се многу богати, а според пишувањето на Ројтерс од 2015 година парот има дури 2 милијарди долари.

 

 

Кирил и Катерина се венчале во 2013 година на тајна церемонија. Ројтерс за тоа напиша во 2015 година, истакнувајќи дека венчавката се одржала во скијалиштето „Игор“.

Со оглед дека Путин нема синови, „The Sun“ пишува дека наводно тој сака да го наследи неговата помала ќерка, а ретходно да ја обучи за да омже да ја преземе таа улога.

Како период за тоа се споменува 2024 година кога оваа дама ќе има 38 години. Се претпоставува дека тогаш ќе се кандидира за претседател на Русија. Според законот, Путин нема да може да се кандидира повторно на изборите во 20124 година, затоа што ќе има 71 година.

 

 

Loading...

Марија Путин

Марија Путин е постарата ќерка на рускиот претседал и има 32 години. Оваа дама е родена во Санкт Петербург.

Студирала на државниот универзитет во родниот град каде завршила биологија, а студирала и медицина во Москва. Медиумите пишуваа дека неодамна се преселиле во Холандија од кате потекнува и нејзиниот партнер, бизнисменот Јорит Фасен.

Во јавноста излезе информација дека станот во кој живеела во Холандија е продаден, а се наоѓал недалеку од Хаг и продаден е за 3 милиони долари. Семејството и пријателите наводно ја викаат Маша, а тоа е името на мајката на Путин.

 

 

Нејзиниот маж бизнисменот Јорит Фасен потекнува од Холандија, како и многу блиски соработници на Путин и за него не се знае многу. Тој работел за „Газпром“ руската нафтена и гасна компанија, како извршен директор, откако завршил архитектура на Универзитетот во Хаг.

Одредени медиуми пишуваат дека парот е во брак и дека имаат деца, а Путин претходно оваа година потврди дека има внуче и дека сака тие да растат нормално, а не како принцеви.

Приказната за него излезе во јавноста во 2010 година кога го нападнале и претепале техлохранители на истакнат руски банкар Матвеј урин, по сообраќајна незгода.

Први фотографии од новата база на Путин: Прошетајте низ „Арктичката детелина“ (фото, 3Д)

Банкарот е осуден поради хулиганизам и предизвикување несреќа, а подоцна доби 7,5 години затвор за проневера на 517 милиони долари.

Криичарите го обвинија Путин дека тоа е преголема казна за Урин и дека сето тоа е затоа што Фасен е поврзан со неговата ќерка.