Ова е новата лимузина на Владимир Путин (фото)

Сподели со своите пријатели

Фотографите на северот на Шведска успеале да направат ретки фотографии од добро чувано возило, прототип на идната лимузина која се развива за потребите на рускиот претседател.

Првобитно се сметало дека станува збор за кинеска копија на „Бентли“ и „Ролс Ројс“, но се испоставило дека станува збор за идната лимузина на рускиот претседател, Владимир Путин.

Автомобилот се развива под кодното име Кортез, а го развива локалниот институт кој носи име НАМИ, а во текот на развојот наводно интензивно соработувале со „Порше“.

„Порше“ наводно бил задолжен за развој на мотор и менувачот, така да се очекува во него да се вгради twin-turbo 4.0 V8 кој развива 550 коњски сили.

Исто така, по завршување на проектот, се очекува дека оваа лимузина ќе се понуди и на слободна продажба.

 

Loading...