„Ова не ви е хотел“: Мајка ги тужела синовите оти не сакале да се иселат од дома

Сподели со своите пријатели

На мајката (75) од Италија ѝ било преку глава од возрасните синови на возраст од 42 и 40 години, кои се уште живеат дома, па се обидела да ги убеди да си најдат свој дом, меѓу другото и затоа што се вработени.

Loading...

Но, обидите ѝ биле залудни, поради што решила да ги тужи, а судот ѝ дал право на тоа.

Пензионерка од градот Павија на северот на Италија постојано се обидувала да ги убеди своите возрасни синови кои живеат во нејзината куќа да се иселат бидејќи и двајцата се вработени.

Освен тоа, не сакале да ги делат трошоците или да вршат домашни работи.

Меѓутоа, синовите не сакале ниту да слушнат за тоа, пишува N1 Загреб.

На мајката ѝ се смачило синовите да живеат во „хотелот на мама“, па поднела тужба до судот да ги иселат синовите.

Судот во Павија пресудил во корист на мајката и одредил рок за иселување на двата сина до 18 декември, пренесуваат италијанските медиуми.

Кога младите Италијанци заминуваат од дома?

Во Италија, релативно многу деца живеат со своите родители дури и по нивниот 18-ти роденден.

Loading...

Повеќето од нив се мажи, па им се залепи прекарот „мамони“ или „мамини момчиња“ или „бамбочиони“, големи бебиња, пренесува N1 Словенија.

Поради неизвесното вработување, зголемен е бројот на Италијанци кои остануваат дома со своите родители.

Според минатогодишното истражување на европската статистичка служба Евростат, просечната возраст на која луѓето си заминале од дома во Италија била 30 години.

Добри 66 проценти од Италијанците на возраст од 18 до 34 години живеат со своите родители.

Овој удел е далеку над просекот на ЕУ од 50 проценти.