Ова го може само Тојота: Одеднаш претставиле 15 нови електрични автомобили (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најголемиот светски производител на автомобили повторно го изненади светот објавувајќи ја својата стратегија за електрични возила.

Loading...

Досега не е забележано дека производителот презентира 15 новитети одеднаш. Тојота  тоа го направи со помош на Lexus и најави дека влегува во битката за лидер во електромобилноста. И најдобро од сè, од 15-те концепти, само мал дел се базираат на постоечки модели, додека повеќето се сосема нови модели на платформата e-TNGA.

 

 

Акио Тојода истакна дека Тојота оди во две насоки, каде првата е во насока на возила со намалени емисии на стакленички гасови како што се хибридите, а втората исклучиво возила со нула емисија. Последната насока ќе биде главната.

 

Loading...

 

Тојота ја објави својата гама bZ (надвор од нула) која носи модели од големи серии по пристапна цена. Ова се bZ4X и четири други концепти, вклучувајќи неколку кросовери и идниот ривал Tesla Model 3.

И Lexus има свои адути. Ќе се префрли на електрична енергија до 2035 година, а досега можеме да го видиме LF-Z, но и спортскиот модел како наследник на LF-A со автономија од 700 km и забрзување до 100 km/h за помалку од 2 секунди. Има уште два концепта, SUV моделот и кабриолетот.

 

 

Конечно, тука се и комерцијалните возила на Тојота. Тие вклучуваат широк опсег, од автономен автобус, до камион и електрична верзија на FJ Cruiser.

Сè што ќе се види најверојатно ќе влезе во производство како дел од стратегијата за лансирање на 30 електрични модели до 2030 година и продажба на 3,5 милиони такви возила. До 2030 година, Lexus ќе биде електричен бренд во Европа, Северна Америка и Кина со цел да продаде еден милион електрични возила. Понудата на Lexus ќе биде 100% електрична од 2035 година. И за сето тоа да се случи, Toyota ќе инвестира 17,6 милијарди долари во производство на батерии до 2030 година.

Loading...