Ова е единствената жена во светот погодена од метеорит (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ен Хоџис на 30 ноември 1954 година одмарала, откако го испратила сопругот на работа. Во еден момент слушнала удар, просторијата се исполнила со прашина и чувствувала болка во стомакот. На подот видела црн камен.

Loading...

Тој ден, градот Силакогу, во Алабама, бил погоден од метеорит.

Ен ги повикала полицијата и пожарникарите, а стручњаците од Воздухопловните сили пристигнале за да откријат што се случило. На почетокот сите мислеле дека започнала „Tретата светска војна“ и имало теории дека парчето испаднало од руска вселенска станица.

„Каменот“ тежок 3,8 килограми ѝ бил одземен на Хоџи. Возраста се проценува на 4,5 милијарди години. Идентификуван е како хондрит, со мали гранули од минерали и многу железо и никел.

Тој летал со брзина од 200 километри на час и се преполовил пред да падне во куќата, така што другиот дел бил пронајден во близина.

Ен Хоџ станала „sвезда“ која изјавила дека е „погодена од самиот Бог“ и дека сака да го задржи.

 

Loading...

 

Експертите проценија дека веројатноста некој метеорит да удри некого е многу мала, всушност непостоечка и се изразува на еден во 1,6 милиони.

„Поголеми се шансите да бидете фатени во торнадо или да ве удри молња во исто време отколку да бидете погодени од метеорит“, рече Мајкл Рејнолдс, астроном на Државниот колеџ во Флорида.

Ен е првата и единствена личност на светот која е погодена од метеорит, а „вселенскиот објект“ им е вратен. Меѓутоа, сопственичката на куќата, Бирџи Гај, помислила дека метеоритот ѝ припаѓа на неа, па по судењето сопствениците морале да платат 500 долари.

По неуспешните обиди да го продадат метеоритот, тие го донирале во Музејот за природна историја на Алабама.

Во исто време, нивниот сосед Јулиус Кемпис Мекини пронашол сличен камен, го продал и со парите купил куќа и автомобил.

На крајот, тој метеорит, исто така, завршил во музејот Смитсонијан.

За разлика од својот сосед, Ен починала сиромашна.

Loading...

Во 1964 година, таа се развела, се разболела од бубрежна болест и починала во локален старечки дом на 52 години.