„Отровно апче“ за Маск од Твитер: Што точно значи ова и што се случува со акциите?

Сподели со своите пријатели

Одредбата за „отровно апче“ го штити правото на акционерите на Твитер, со исклучок на Илон Маск, да се стекнат со акции во компанијата по релативно ниска цена, со што практично би се разблажила уделот што шефот на „Тесла“ го има во Твитер, пренесува американската ТВ станица CNN.

Loading...

Одредбата ќе се активира доколку Маск (или друг инвеститор) стекне повеќе од 15 отсто од акциите на компанијата. Маск моментално поседува околу 9,0 отсто од акциите на Твитер.

 

Кога луѓето ќе го освојат Марс? Според Илон Маск, тоа ќе биде веќе оваа деценија

 

Со овој потег управниот одбор на Твитер се обидува да ја врати контролата врз настаните по запрепастувачката понуда на Маск да преземе 100 отсто од акциите на таа социјална мрежа за 43 милијарди долари.

Таканаречената „отровна пилула“ – корпоративен одбранбен механизам од преземања – нема нужно да застане на патот на понудата на Маск, но може да го поскапи купувањето или да го принуди Маск да седне на преговарачка маса со одборот.

Во исто време, Ројтерс пренесува дека Маск навестил можност за непријателска понуда и заобиколување на одборот на Твитер, со испраќање понуда директно до акционерите на тој социјален медиум.

Loading...

 

Илон Маск сака да вградува чипови во човечкиот мозок, операциите да ги прават роботи

 

Тој минатиот викенд твитна дека „економските интереси на одборот на Твитер едноставно не се во согласност со интересите на акционерите… сосема е неодбранлив став оваа понуда да не се става на гласање на акционерите“.

„Тома Браво“, компанија со приватен капитал фокусирана на технологија која управуваше со повеќе од 103 милијарди долари на крајот на декември, го известила „Твитер“ дека истражува можност за составување на понуда, изјавија извори за Ројтерс.