Откриена „планета на лавата“: Може да создава нова атмосфера

Сподели со своите пријатели

Необичната планета GJ 1132 b, која кружи околу џуџеста sвезда оддалечена околу 41 светлосни години од Земјата, очигледно ја изгубила атмосферата во еден момент за да создаде нова.

Loading...

Се сомнева дека сегашната атмосфера на планетата е производ на вулканска активност, врз што веројатно влијаел односот помеѓу планетата и ѕвездата.

Анализирајќи ги набљудувањата на вселенскиот телескоп Хабл од 2017 година, тимот научници заклучил дека планетата GJ 1132 b има знаци на „секундарна атмосфера“ што се формирала на самата егзопланета долго по формирањето на самата планета, пишува порталот Спејс.

„Исклучително возбудливо е затоа што веруваме дека атмосферата што ја гледаме сега е обновена, па затоа може да биде второстепена“, рече Раиса Естрела, научник од НАСА и коавтор на студијата.

Според порталот, истражувачите веруваат дека планетата во одреден момент ја изгубила основната атмосфера богата со водород и хелиум, а податоците што ги снимил „Хабл“, сепак, сугерираат дека планетата GJ 1132 b е завиткана во мешавина од водород, водород цијанид, метан и магла богата со аеросол сличен на смог.

Научниците, наводно, се сомневаат дека ѕвездата што кружи околу планетата има потенцијал екстремно да го загрее GJ 1132 b, што потенцијално резултира во активни вулкани, со испуштање гасови од стопените карпи на планетата и формирање на друга атмосфера.

Тимот се надева дека вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА, кој допрва треба да се активира, ќе може да ја истражува површината на планетата со инфрацрвена технологија, пренесува Спутник.

„Ако има басени со магма или активни вулкани, тие области ќе бидат жешки. Тоа ќе предизвика повеќе емисии, па потенцијално ќе видат вистинска геолошка активност – што е возбудливо!”, Рече Марк Свен, научник од НАСА и лидер на истражување.

Loading...

Leave a Reply