Откриена најголемата бактерија досега: Може да се види со голо око!

Сподели со своите пријатели

Далеку е поголема од нејзините роднини и се разликува по тоа што има ДНК складирана во мембранската кеса, за разлика од другите бактерии за кои генетскиот материјал е неврзан и слободно лебди во клетката.

Loading...

Оваа џиновска бактерија може да порасне и до два сантиметри во должина.

Овој едноклеточен организам, за кој научниците го предложија името Thiomargarita magnifica, се разликува од прокариотите, на кои им припаѓаат некои бактерии, но и од еукариотите, посложени организми на кои припаѓаат и други видови бактерии, но и габи, цицачи, инсекти…

Научниците веруваат дека оваа огромна бактерија би можела да биде транзиција помеѓу прокариотите и еукариотите.

Имено, прокариотските клетки се едноставни структури, опкружени со клеточен ѕид и мембрана и немаат јадро или клеточни органели, освен рибозоми.

Од друга страна, кај еукариотите, јадрото е внатре во нуклеарната обвивка, а тие исто така може да имаат органели прикачени на мембраната.