Откриен релјеф стар 4.000 години

Сподели со своите пријатели

Во Перу откриен е ѕиден релјеф стар околу 3.800 години кој прикажва змии и човечки глави, објавиле перуанските медиуми.

Релјефот е долг околу 2,8 метри и висок околу еден метар пронајден на археолошкото наоѓалиште Вичама, околу 110 километри северно од престолнината Лима.

На него се гледаат четири човечки глави меѓу кои ползат змии, а главите на влечугите се насочени кон семки кои имаат човечка форма.

Во подводна пештера пронајдени остатоци од човек стари 9.000 години (ФОТО)

Loading...

Археологот Татјана Абад за списанието „Ел Комерсио“ изјавила дека змиите преставуваат водено божество и дека ја наводнуваат земјата за да семките можат да растат.

Градот Вичама изграден е измеѓу 1800 и 3500 години пред новата ера, а на археолошкото наоѓалиште кое таму се наоѓа, откриени се гробници и глинени куќи.

Leave a Reply