Во подводна пештера пронајдени остатоци од човек стари 9.000 години (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Археолозите во најголемата поплавена пештера во светот во Мексико пронашле остатоци од човек стари најмалку 9.000 години, како и коски од животни кои лутале на Земјата во време на последниот леден период.

Завршија под најголемиот европски глечер и открија магична ледена пештера (видео)

Loading...

Група нуркачи неодамна пронашла премин кој ги спојува двете подземни шуплини на истокот на Мексико и открила најголема поплавена пештера на планетата, што ќе овозможи да се дознае повеќе за древната цивилизација на Маите.

Оваа пештера има сопствена временска зона, но тоа не е најголемата тајна на природата (фото)

Полуостровот Јукатан изобилува со монументални споменици од народите Маи, чии градови користеле разгранета мрежа отвори, шуплини и подземни води.

 

 

Истражувачите рекле дека пронашле 248 пештери во подземниот систем долг 347 километри, познат како Сак Актун, во близина на местото Тулум.

Во Мексико загрозено најважното подводно археолошко наоѓалиште во светот

Од 200 археолошки локации кои биле откриени таму, околу 140 биле од периодот на Маите.

 

Loading...

 

Некои пештери или отвори имале посебно значење за Маите, чии потомци денес го населуваат овој регион.

БИЗАРНО ОТКРИТИЕ: Како изгледал првиот модерен Британец? (ФОТО)

Освен човечки остатоци, тие пронашле и коски од џиновски влечуги, узимрени видови слонови и мечки од времето на плеистоцен, соопштило мексиканското Минситерство за култура.

 

 

Нивото на вода е зголемено за 100 метри на крајот на леденото доба, што довело до поплавување на подземниот систем пештери и создало идеални услови за зачувување на остатоците од изумрената мегафауна од периодот на плеистоценот.

Новооткриени фосили покажуваат дека луѓето много претходно пристигнале од Африка

Геолошката епоха на најдоцниот леден период започнува пред 2,6 милиони години, а завршила пре доколу 11.700 години.

Leave a Reply