Откриен пршлен на дете стар 1,5 милиони години – најстар доказ за човечко постоење во долината Јордан

Сподели со своите пријатели

Група археолози од Израел и САД пронајдоа пршлени на дете кое живеело пред 1,5 милиони години во долината Јордан. Станува збор за дете на возраст од шест до 12 години, а пршленот бил во долниот дел од рбетот.

Loading...

Истражувањето утврдило дека детето е исклучително високо, како возрасен, но неговата висина била како висината на повеќето други хоминиди од областа на Источна Африка, пренесува порталот „Кликс“.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека ова е најстар доказ за човечко постоење во таа област или втор најстар доказ надвор од Африка. Пронајдената коска дава увид во миграциите на различни видови хоминиди од Африка.

 

 

Врз основа на откритието на фосилни остатоци и ДНК докази, можно е да се следи еволуцијата на човекот пред шест милиони години.

Хоминидите се примати, директни предци на анатомски модерниот човек или се тесно поврзани со анатомски модерниот човек. Анатомски модерниот човек може да се види во фосилните остатоци од пред 200.000 до 300.000 години.

Loading...

Постојат докази дека некои архаични видови луѓе почнале да ја напуштаат Африка пред два милиони години. Нивните први останки се пронајдени во кавкаскиот регион во Грузија, а се стари 1,8 милиони години.

Археолозите нашле и алатки кои ги користеле на локалитетот Дманиси. Истражувачите забележуваат дека се уште се разговара дали споменатата емиграција од Африка била во еден или повеќе бранови. Неодамнешните откритија сугерираат дека тоа се случило во неколку бранови, пишува „Times of Israel“.