Откриен нов мистериозен животински вид: Научниците во шок! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За прв пат во историјата, истражувачите од Националната управа за океани и атмосфера идентификуваа нов вид реброносец (ктенофор) користејќи само слики со висока резолуција од беспилотно летало, кои нуркаа во длабока вода.

Loading...

Желатинскиот морски безрбетник или „длабока морска грутка“ е забележан од далечински управуван уред од брегот на Порторико на длабочина од 3.900 метри.

Пронајден нов вид мајмун во Мјанмар

Дронот кој нурнал до морското дно направил необични снимки од чудно суштество налик на грутка, чија должина е помала од милиметар.

Иако снимките се направени во 2015 година, научниците сакале да бидат апсолутно сигурни пред да откријат дека е откриен нов вид и одвоиле време за макотрпно да ги разгледаат снимките од подводната експедиција.

– Немаме исти микроскопи како во лабораторијата, но видеото може да ни даде доволно информации за детално да ја разбереме морфологијата, како што се локацијата на нивните репродуктивни органи и други аспекти – објасни морскиот биолог, Ален Колинс.

Откриени скелети на нов вид диносаорус кој живеел пред 125 милиони години

Duobrachium sparksae има тело слично на балон од кое се протегаат две долги пипала кои, барем во еден случај, се забележани дека го држат животното близу до морското дно, што може да го олесни хранењето.

Loading...

Познати се помеѓу 100 и 150 видови, и покрај нивната необична сличност, тие не се поврзани со медузите, иако се месојади – тие се хранат со мали членконоги и ларви кои се наоѓаат во длабочините.

Со оглед на екстремните услови во кои живее овој вид, истражувачите не се сигурни кога следниот пат би можеле да го видат ова извонредно суштество.

Откриен нов вид лав: Бил голем како домашната мачка, а забите биле преостри

 

Leave a Reply