Откажана е Евровизија, што ќе се случи со избраните?

Сподели со своите пријатели

Вчера ЕБУ објави дека Евросонг во 2020 година во Ротердам нема да има.

Loading...

Организацијата на најголемото музичко натпреварување во светот соопшти дека Евросонг е откажан бидејќи толку големо натпреварување е невозможно да се организира во услови во кои моментно се наоѓа Европа, а објаснуваат и зошто спектаклот не е одложен, како што се надевале многу фанови.

Едно од прашањата што најмногу ги интересира љубителите на натпреварот е што ќе се случи со песните избрани од земјите учеснички за овогодинешниот Евросонг.

Во својата официјална изјава, ЕБУ вели дека сè уште нема одговор на ова прашање и дека ќе донесе одлука по консултација со сите учесници.

Eurovisionary.com пишува дека се можни неколку сценарија.

Според досегашните правила на натпреварот, песните кои учествуваат на Евровизија не смееја да бидат објавени пред 1 септември годината што претходи на натпреварот.

Правилата, се разбира, можат да бидат скршени и изменети во исклучителни ситуации. Никој не може да се согласи дали на учесниците треба да им се даде опција за промена на песната.

Доколку се изведуваат истите песни, постои можност во следната година некои земји да издвојат големи пари за да ги направат своите песни хит, што исто така не е фер игра.

Loading...

Leave a Reply