Отис Ливингстон од КК Куманово МВП за јануари во БИБЛ лигата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарот на Куманово, Отис Ливингстон е најефикасниот играч во БИБЛ за месец јануари.

Loading...

 

 

Американецот кој игра не бековската позиција кај сино-белите уште од своето дебитирање во дресот на Куманово покажа дека може да носи успех за тимот, а тоа го потврди и со својот настап во БИБЛ лигата.

 

 

Loading...

Три од четири одиграни натпревари на балканската кошаркарска сцена ги доби Куманово, со што си обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањата.

 

 

Во Рожаје, против составот на Ибар, Ливингстон оствари индекс 32, односно реализираше 24 поени со седум асистенции и четири скока, додека против Академик во Бугарија имаше 21 поен и девет асистенции.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply