Останал без 4.500 швајцарски франци на Табановце

Сподели со своите пријатели

Износ од 4.500 швајцарски франци бил откриен од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонски државјанин кој, како пешак, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

Loading...

На прашање на царинските службеници, патникот изјавил дека со себе носи 2.000 евра, но во неговиот паричник и во џеб од неговите панталони покрај пријавените пари, биле пронајдени и 4.500 швајцарски франци за кои не поседувал документ за потекло.

Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Leave a Reply